Ковачевски за Слободен печат: 90 проценти субвенционирана струја за над 600.000 домаќинства, евтина тарифа, инвестиции во обновливи извори на енергија како никогаш порано

„Продолжуваат мерките за субвенционирање на цена на електрична енергија, за 611.000 домаќинства во државата и за 70.000 мали и средни претпријатија кои вработуваат 98% од вработените за субвенционирање на цената на електрична енергија. Секој на својата сметка која што ја добива од ЕВН може да види дека цената на електрична енергија е субвенципонирана и до 90% што значи дека нашите граѓани плаќаат двојно помала цена на електрична енергија од тоа што би ја платиле доколку е пазарна цена што во Западна Европа и така плаќаат“, најави претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во интервјуто за Слободен печат.

Премиерот посочи дека со силните заложби на Владата, да се обезбеди струја, минатата година, во најстудените месеци – ѝ покрај застарената технологија во земјата од 40 години, со посветеноста на работници во РЕК Битола, Осломеј, Неготино се успеа да се произведуваат 45% повеќе електрична енергија во државата. Но што е најважно, „ние кризата ја искористивме како можност“.

„Во државата како никогаш до сега се инсталирани обновливи извори за енергија. Во текот на 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ беа инсталирани 11 мегавати обновливи извори за енергија. Денес, само за две години на оваа Влада, има 600 мегавати инсталирани и ставени на мрежа обновливи извори на енергија. Тоа овозможи зголемено производство на електрична енергија, меѓутоа овозможи и електрична енергија којашто во текот на дневните часови ќе ја има во поголеми количини. И со тоа успеавме да ја вратиме евтината дневна тарифа на електрична енергија од 13-15 часот, што исто така претставува одлична заштита за граѓаните - во одредени случаи и до 1.000 денари,  со оглед на тоа дека цената на евтината тарифа е двојна помала од нормалната цена на тарифата, којашто е исто така субвенционирана, соошти премиерот Димитар Ковачевски во интервјуот за Слободен печат.