9-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
05.03.2024 - 12:00
Соопштение за јавноста: 
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Усвојување на Записникот од 8-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 27 февруари 2024 година
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од Европската Унија
Пред точка Состојби и напредок на Република Северна Македонија во процесот на преговорите за членство во Европската Унија
Пред точка Статус на реализација на обврските и приоритетите на Република Северна Македонија како членка на НАТО, согласно Северноатлантскиот договор и НАТО процесот за одбранбено планирање
Пред точка Учество на Република Северна Македонија во системот на НАТО за одговор на кризи
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
Пред точка Статус на реализација на капиталните расходи во Буџетот на Република Северна Македонија
Пред точка Законодавна агенда на Владата на Република Северна Македонија, за периодот 1 јануари 2024 година – 30 јуни 2024 година
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците
Пред точка Информација за степенот на реализација на препораките и преземените активности за зачувување на статусот УНЕСКО - Светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот Регион
Пред точка Агенда за дигитална трансформација
Пред точка Информација за степенот на реализација на мерките од Планот за борба против корупција
Пред точка Степен на реализација на Акцискиот план за надминување на проблемите со КПУ Идризово
1 Предлог на Закон за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за пристап до официјални документи
2 Информација за донесување на Одлука за формирање на Управен комитет за спроведување на поддршката на Република Северна Македонија како земја домаќин, со Предлог-одлука
3 Предлог на закон за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај, по скратена постапка, поднесен од група пратеници
4 Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка (поднесен од претениците Соња Михаиловска и Мартин Костовски)
5 Годишен извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво за 2022 година
6 Кадровски прашања
7 Прашања и предлози 
8 Информација за потребата на доделување на договор влада со влада за набавка на преносливи системи за противоклопна борба, со склучување на договор помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави (05.03.2024)
9 Информација за потребата на доделување на договор влада со влада за обезбедување со резервни делови по програмата Cooperative Logisitic Supply Support (CLLSA), со склучување на договор помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави
10 Информација за потребата од формирање/ревидирање на Национален комитет за програмата на УНЕСКО “Човек и биосфера“ (МАБ Комитет)
11 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 13.02.2024 до 19.02.2024 година
12 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението за период од 15.02.2024-21.02.2024 година
13 Барање за донесување на Одлука за изменување на Статутот на Железници на Република Северна Македонија Траспорт АД - Скопје
14 Предлог-закон за изменување и дополнување на законот за медиуми
15 Предлог-решение за измена на Решението за именување на почесен конзул на Република Северна Македонија во Република Австрија, со седиште во Швехат
16 Предлог-одлука за изменување на Одлуката за отворање почесен конзулат на Република Северна Македонија во Република Австрија, со седиште во Швехат
17 Предлог-лиценца за приредување на игри на среќа во казино на Друштвото за трговија и услуги „Адмирал Казино МК“ ДОО Скопје во деловната просторија во Подружница Гранд Казино Адмирал на ул.„Железничка“ бр.31 Скопје-Центар
18 Предлог-одлука за одобрување средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година