7-ма седница на Владата

Седницата се одржа на: 
27.02.2024 - 13:00
Соопштение за јавноста: 
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Усвојување на Записникот од 168-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 11 јули 2023 година и 13 февруари 2024 година
Пред точка Усвојување на Записникот од 2-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 30 јануари 2024 година
Пред точка Усвојување на Записникот од 3-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 6 февруари 2024 година
Пред точка Усвојување на Записникот од 6-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 20 февруари 2024 година
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од Европската Унија
Пред точка Состојби и напредок на Република Северна Македонија во процесот на преговорите за членство во Европската Унија
Пред точка Статус на реализација на обврските и приоритетите на Република Северна Македонија како членка на НАТО, согласно Северноатлантскиот договор и НАТО процесот за одбранбено планирање
Пред точка Учество на Република Северна Македонија во системот на НАТО за одговор на кризи
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
Пред точка Статус на реализација на капиталните расходи во Буџетот на Република Северна Македонија
Пред точка Законодавна агенда на Владата на Република Северна Македонија, за периодот 1 јануари 2024 година – 30 јуни 2024 година
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците
Пред точка Информација за степенот на реализација на препораките и преземените активности за зачувување на статусот УНЕСКО - Светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот Регион
Пред точка  Агенда за дигитална трансформација
Пред точка Информација за степенот на реализација на мерките од Планот за борба против корупција
Пред точка Степен на реализација на Акцискиот план за надминување на проблемите со КПУ Идризово
1 Информација за барање на согласност на Одлука за давање согласност на одлука за избор на најповолна понуда бр.02-368/5 од 14.02024 година, и потребата од донесување на одлука за давање согласност на одлука за поништување бр.02-368/4 од 14.02024 година, донесена од страна на Управниот одбор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони
2 Предлог на Закон за ратификација на Деветтиот дополнителен протокол на Уставот на светскиот поштенски сојуз, Десеттиот дополнителен протокол на Уставот на светскиот поштенски сојуз и Единаесеттиот дополнителен протокол на Уставот на светскиот поштенски сојуз
3 Информација за Национален акциски план за партнерство за отворена власт 2024-2026 година, со Предлог - Национален Акциски план за партнерство за отворена власт 2024-2026 година
4 Предлог-програма за финансирање на изградба, реконструкција, одржување на објекти и опремување на казнено - поправните и воспитно - поправните установи за 2024 година
5 Информација за одржаниот 17ти состанок на Поткомитетот за правда, слобода и безбедност меѓу Република Северна Македонија и Европската унија во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација одржан на 15ти и 16ти март 2023 година во Брисел, со Предлог заклучоци
6 Решение на Уставниот суд на Република Северна Македонија, У.бр.36/2022 од 20 декември 2023 година, за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 2 од Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надомест за приватизација на градежно земјиште
7 Иницијатива поднесена од Стевче Стојанов од с. Ново Коњарево, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.9/2024 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 65 став 1 и 2 од Законот за вештачење („Службен весник на РСМ“ бр.154/2023)
8 Предлог-одлука за за прогласување на нематеријалното културно добро „Обредни поворки со маски (карневал) - Василичари во Вевчани” за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење
9 Иницијатива за отворање јавна дебата за утврдување на интегритетот на сите службеници кои работат на високо ризични работни места на граничната линија со примена на полиграф,како превентивна мерка за спречување на можна корупција
10 Предлог-одлука за запишување на правото на сопственост на недвижни ствари во корист на Република Северна Македонија во катастарот на недвижности У-220/23
11 Предлог-одлука за запишување на правото на сопственост на недвижни ствари во корист на Република Северна Македонија во катастарот на недвижности У-70/21 (КП. бр.1738/1, КО Ѓорче Петров 1 – Ново Село)
12 Предлог-одлука за запишување на правото на сопственост на недвижни ствари во корист на Република Северна Македонија во Катастарот на недвижности" У-200/1 (КП бр.2860, КО Богородица)
13 Предлог-одлука за запишување на право на сопственост на недвижни ствари во корист на Република Северна Македонија во Катастарот на невижности У 03-663/1 (КП бр.1058, КО Сретеново)
14 Информација во врска со одземањето на Лиценцата за приредување на игри на среќа во автомат клуб издадена на Друштвото за приредување игри на среќа „Казино Меркур“ ДОО увоз-извоз Гостивар и Одлука за одземање на Лиценцата за приредување на игри на среќа во автомат клуб издадена на Друштвото за приредување игри на среќа „Казино Меркур“ ДОО увоз-извоз Гостивар бр.45-7238/1 од 8.10.2019 година
15 Информација за Вториот адендум на Вториот извештај на ГРЕКО за усогласеност на Република Северна Македонија – Четврт круг на евалуација
16 Информација за можностите и условите за спогодбено решавање на предметите Белова и Павлова А.бр.32930/23 против Северна Македонија и една друга апликација( А.бр.33323/23)
17 Информација за правосилност на пресудата на Европскиот суд за човекови права во предметот С.Б. против Северна Македонија А.бр. 64163/19
18 Информација за правосилност на одлуката на Европскиот суд за човекови права во предметите Дамјановски и други против Северна Македонија А.бр.35700/22 и 22 други апликации
19 Информација за правосилност на одлуките на Европскиот суд за човекови права во предметите Велковска и други против Северна Македонија А.бр.10826/22 и 12 други апликации и Стојановски и други против Северна Македонија А.бр.32079/22
20 Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на затворската полиција за 2024 година
21 Предлог-одлука за определување на органите на државна управа кои се подготвуваат за остварување на својата функција во воена состојба
22 Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „CBRN - Program 333“ во Република Косово
23 Барање за давање на автентично толкување на член 19 од Законот за наследувањето („Службен весник на Република Македонија " број 47/96), поднесено од пратеникот Лидија Тасевска
24 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.210/2023 за поведување на постапка за оценување на уставноста на делот „најмногу до 65 годишна возраст“ од член 3 став 1, точка 2 од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.269/2023)
25 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија, под У.бр.8/2024, за поведување на постапка за оценување на уставноста на делот „поблиску го пропишува начинот на остварување“ од член 17 и делот „поблиску го уредува начинот на остварувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување“ од член 127 став 3 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 98/12, 166/12, 15/13, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14, 160/14, 188/14, 20/15, 61/15, 97/15, 129/15, 147/15, 154/15, 173/15, 217/15, 27/16, 120/16, 132/16, 35/18, 220/18 и 245/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.180/19, 275/19, 31/20, 267/20, 67/22 и 79/23)
26 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.6/2024 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 242 став 1 во делот „семејна“ од Законот за пензиското и инвалидското осигурување
27 Иницијатива поднесена од Климентина Ангелеска од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.4/2024 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 36 и член 38 став 3 од Законот за заштита на децата „Службен весник на Република Македонија“ бр.23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/28 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/19, 146/19, 275/19, 311/20, 294/21, 150/22 и 236/22)
28 Иницијатива поднесена од Здружението на граѓани „Заштита од дискриминација за давање на правна помош на дискриминирани лица“ од Виница, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.1/2024 за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ бр. 36/90 и „Службен весник на Република Македонија“ бр.38/91, 23/97, 37/05, 84/05, 121/07, 161/08, 92/09, 42/10, 97/10, 162/10, 11/12, 145/12, 170/13, 139/14 и 233/18)
29 Иницијатива поднесена од ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.137/2017 за поведување на постапка за оценување на уставноста на членовите 175, 176, 177 и 178 од Законот за електронските комуникации („Службен весник на Република Македонија“ бр.39/2014, 188/2014, 44/2015, 193/2015, 11/2018, 21/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/2019, 153/2019 и 92/2021)
30 Понуда од нотар Љупчо Јорданов од Радовиш за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.3948, Имотен лист бр.100308 и Имотен лист бр.100307, за КО Ораовица, на КП бр.748, Викано место/улица Село
31 Понуда од нотар Сашка Јанчевска Дамјановска од Битола, за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.94353, за КО Битола 4, на КП бр.2147, викано место/улица „Петар Дељан“
32 Понуда од нотар Мексуд Максуд од Ресен, за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.7615, за КО Ресен, на КП бр.5312, викано место/улица „Х.Герасовски“
33 Понуда од нотар Ермира Мехмети од Скопје, за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.100864, за КО Бутел, на КП бр.1/4, викано место/улица „Визбегово пат Оризар“
34 Кадровски прашања
35 Прашања и предлози
36 Информација во врска со спроведено оценување на Комисијата за оценување и анализа на резултатите добиени од спроведеното мерење на квалитет согласно Методологијата за оценка на индекс на квалитет на институциите 2023
37 Информација за степенот на имплементација на обврските од НАТО процесот на одбранбено планирање, јули-декември 2023 година
38 Tримесечен извештај за работењето на Железници на Република Северна Македонија – Tранспорт A.Д. – Скопје за период 1.7. – 30.9.2023 година
39 Тромесечен финансиски извештај за работењето на АД„Пошта на Северна Македонија“ - Скопје, за периодот VII-IX-2023 година
40 Извештај со финансиски показатели за реализација на Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2023 година
41 Информација за потребата од преземање на активности за воведување на забрана за пристап до странски нелегални интернет платформи за приредување интернет (онлајн) игри на среќа
42 Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност 
43 Информација за потпишување на Договор за донација меѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Кралството Норвешка
44 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението за период од 08.02.2024-14.02.2024 година
45 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 08.02.2024 до 09.02.2024 година
46 Информација за донесување на единаесета Одлука за предавање во владение на ЈПДП
47 Информација во врска со жалбата на Руската Федерација поднесена до ИКАО за рестриктивните мерки во воздушниот сообраќај
48 Информација за известување за склучен Колективен договор на Сојузот на синдикати на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Службен весник на Република Северна Македонија бр.287/22
49 Предлог-Одлука за престанување на важењето на Одлуката за престанок и за давање на трајно користење на недвижни ствари на Здружението за заштита на културни, традиционални, морални и етички вредности НЕИМАР – 13 - Скопје
50 Одлука за престанок и за давање на времено користење на недвижна ствар на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен на Република Северна Македонија
51 Информација за давање на согласност за прифаќање на понудата за преглед на моторите pw305a на авионот z3-mkd доставена од страна на Аеро-динст овластена само организација и сервис за базно одржување и организација за управување со континуираната пловидбеност на авионот z3-mk кој е во сопственост на службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија
52 1.Нацрт-Одлука за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Кичево и за висината на закупнината
2.Нацрт-Договор за долготраен закуп на градежно земјиште со Друштво за производство трговија и услуги АВЕСТА БАТЕРИ И ЕНЕРЏИ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје како закупец на земјиште
53 Нацрт-Одлука за давање на согласност на Договорот за долготраен закуп на градежно земјиште со Друштво за производство трговија и услуги АВЕСТА БАТЕРИ И ЕНЕРЏИ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, како закупец на земјиште
54 Информација за Национална развојна стратегија 2024 - 2044